Дескоска задоволна од работата на Советот за реформи во судството
Советот за следење на имплементацијата на стратегијата за реформи на правосудниот систем зад себе остави успешна година, бидејќи не само што ја следеше имплементацијата на Статегијата за реформи во правосудството од формален аспект, за тоа колку напредуваме и што сме завршиле, даваше и еден вид квалитативна оценка на чекорите што се преземаат.
Ова го истална министерката за правда Рената Дескоска, одговарајќи на новинарско прашање пред промоцијата на Првиот национален извештај за перформансите и реформите во правосудството.
-Можам со задоволство да кажам дека Советот за реформи во судството длабински ги дебатираше законите што се во постапка. Ги слушнавме сите насоки што доаѓаат, сите изворни проблеми со кои се соочувааат судиите и обвинителите во пракса, рече Дескоска и додаде дека извештајот за работата е пратен и во Европската Унија, со цел да се согледа напредокот во реформите во судството.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња