Деспотовски: Кадровски прашања не се решаваат со шпекулирање
Актуелниот Директор на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски вели дека воопшто не разговарал ниту пак размислувал за замена на својата позиција во ФИТР со директорската во Дирекцијата на технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ).
Тој во изјава за Press24 вели дека кадровските прашања не треба да се решаваат со шпекулации.
„ Не сум разговарал за ова, ниту сум размислувал на оваа тема. Лично, не сметам дека кадровски прашања на сериозни државни институции треба да се решаваат со шпекулирање, туку со конкретен план за работа, цели и резултати, вели Деспотовски.
Утрово повеќе медиуми објавија информација дека Деспотовски кој во изминатите години го водеше Фондот за иновации, позицијата ќе му ја отстапи на Потпретседателот на СДСМ Коста Петров и ќе замине да биде прв човек во ТИРЗ.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ