Деспотовски: Неточни се информациите дека сум приведен

Поарнешниот директорт на ТИРЗ Јован Деспотовски попладнево демантира дека е приведен, откако дел од медиумите објавија дека тој е упасен во врска со случај со наводна проневера на два милиони евра во ТИРЗ Струмица и ТИРЗ Штип.
-Во врска со информациите кои се појавија во јавноста за наводно приведување сакам да ја информирам јавноста дека сите наводи за такво дејствие се неточни. Објавената информација од дел од медиумите ја сметам за намерно или ненамерно дезинформирање на јавноста. Во моментов, ги преземам сите потребни правни чекори за заштита на мојата чест и углед, наведува Деспотовски во демантот.
Посочува дека неговата „достапност и за институциите и за медиумите досега е потврдена во пракса“ и дека така ќе остане и во иднина.
-Навистина очекувам медиумите да ја проверат точноста на информациите пред нивно објавување, со цел да избегнат понатамошно ширење на дезинформации, се посочува во демантот.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
