Детали од трагедија кај Маврови Анови

Синоќа околу 23 часот регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, кај м.в.„Скудрињски продавници“, се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Опел Астра“ со гостиварски регистерски таблици управувано од З.Л. (64) од Гостивар и ПМВ „БМВ“ со струшки регистерски таблици управувано од Е.И. (24) од Дебар.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.Л. кој првично бил пренесен во МЦ-Дебар од каде бил препратен за Охрид, но на пат кон болницата Св.Еразмо во возило на ИМП околу 02,50 часот истиот им подлегнал на повредите, додека Е.И. бил пренесен во МЦ-Дебар каде му биле констатирани телесни повреди.
За време на вршење на увидот, во времето од 22,55 до 01,25 часот на 02.10.2016 година, сообраќајот бил во целосен прекин, а до 04,15 часот сообраќајот се одвивал наизменично само за ПМВ, кога и целосно е нормализиран.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
