Македонија
13. May 2016 - 12:11

Детали за чедоморството: Родила живо бебе па го фрлила во кантата за ѓубре

Полека се дознаваат деталите за чедоморството на граничниот премин Табановце, но згрозеноста од суровоста на младата девојна не спласнува.

Според информациите на Дневник, 23-годишната апсолвентка на Економскиот факултет во Скопје, Тамара И., во тоалетот на граничниот премин Табановце се породила и фрлила живородено женско бебе. Потоа, како ништо да не се случило, се вратила на седиштето од автобусот и го продолжила патувањето. Грозоморниот настан кој ја потресе македонакта јавност се случил на 29 март.

wc devojka gaki

Девојката на Табановце почуствувала силно сечење во стомакот. Им се пожалила на другарите и побарала таблета. Се напила „рапидол“, а кога болките станале неподносливи, отишла во тоалетот. Таму, додека стоела над ВЦ-школката, ја забележала главата на бебето кое почнало да излегува. Бебето следниот момент паднало, а студентката наместо да побара помош, ја пресекла папочната, и иако било живо, го фрлила во корпа за отпадоци и го покрила со тоалет. Потоа бебето починало.

Настанот го открила хигиеничарката која го чистела тоалетот наредниот ден. Таа се згрозила и пријавила во полиција.

Пријателките на апсолвентката во полиција изјавиле дека не знаеле дека е бремена и не знаеле за хоророт кој го направила.

Девојката ќе одговара за убиство на дете при пораѓање, пишува Дневник.

Другарките не знаеле дека е бремена и нема да одговараат

disko

Во полициска станица биле повикани и други три студентки, пријателки на Тамара, но против нив нема поведено истрага бидејќи девојките не знаеле дека Тамара била бремена, ниту дека се породила. Истрагата утврдила дека студентката немала ниту еден лекарски преглед откако останала бремена. Исто така, без оглед на датумот на бременоста, новороденчето кое било живо родено би преживеало доколку било родено во соодветни болнички услови или ако веднаш било згрижено во болница.