Балкан
12. March 2017 - 13:53

Детали за филмската ликвидација: Напаѓачите испукале 15 куршуми во телото на Слободан - безбедносните камери го снимиле убиството

79-годишниот Слободан Шарановиќ вчера е убиен во Будва околу 22 часот додека бил на вообичаена прошетка. Од автомобил во движење било пукано во познатиот бизнисмен, атентаторите во него испукале 15 куршуми. 

Сопругата на бизнисменот кога слушнала пукање веднаш истрчала од дома, но тој веќе лежел мртов на плочникот. Безбедносните камери ги снимиле напаѓачите. Полицијата по убиството го блокирала целиот кварт, а екипите од крим -техника веднаш излегле на лице место.