Детали за разговорот меѓу Вучиќ и Путин: Рускиот претседател со моќна порака до сите Срби
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ разговарал со претседателот на Русија, Владимир Путин веднаш по апсењето на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ која се случи на Косово и Метохија во понеделникот.
Како што информираат од руското Министерство за надворешни работи, пренесуваат српските медиуми, Путин му дал ветување на Вучиќ дека Русија со сите можни средства ќе спречи било какво насилство над Србите на Косово, а дек Москва со својот дипломатски и политички авторитет, ако затреба и сила, ќе ја заштити Заедницата на српските општини ао наскоро биде формирана. Во соопштението навеле дека е неприфатливо отвореното гледање намеѓународните сли, кои само од страна гледале што се случува и ништо не преземале. Рускиот амбасадор во Белград, Александар Чепурин на Твитер го напишал својот став за случувањата во Митровица, велејќи дека Приштина делувала во согласност со своите покровители и дека Брисел ја покажал својата неспособност како посредник и гарант.
Воениот аналитичар Мирослав Лазански истакнал дека не се исклучува можноста да постои врска меѓу протерувањата на руските дипломати и заострувањата на односите со Западот и Русија со случувањата на Косово и Метохија.
„Русија и Путин можат да ѝ помогнат на Србија на три начини: дипломатски, политички и на уште еден начин кој не е за јавноста. Во Советот за безбедност, фала му на Бога, Русија ни го чува грбот, тоа има и политички ефект и поради тоа притисоците врз Србија се сѐ поголеми и поголеми“, рекол Лазански.
Ново на Сител
-

Автомобил удри во автобуска постојка на Бит Пазар
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за август изнесува 68.675 денари
-

Приведено лице од беровско, управувал возило со 2,62 промили алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
-

Прелиминарни резултати од полагањето државна матура во август
-

Ден на жалост во Киев - најмалку 12 загинати во нов руски напад
-

Од патарина за пет месеци инкасирани над 31 милиони евра
-

Поради украинските напади врз рафинериите, Русија принудена да увезува горива
-

Во Грција досега регистрирани 157 случаи на вирусот Западен Нил, починаа 13 лица
