Детали за тешката сообраќајка кај „Св. Еразмо“ - Познат идентитетот на загинатиот и повредените
На 10.07.2021 во 14,40 часот било пријавено дека на магистралниот пат с.Подмоље-Охрид, пред манастирот „Св.Еразмо“, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило“фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.Г. (51) од Охрид, патничко моторно возило „ауди А4“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.Љ.(22) од Охрид, патничко моторно возило “фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(46) од Струга и товарно моторно возило „сканија“ со охридски регистарски ознаки управувано од Т.Ѓ.(38) од с.Вапила-охридско.
Во незгодата сопатник од возило “фолсваген голф“ Х.Г.(78) од Охрид од здобиените повреди на пат за болницата „Св.Еразмо“ починал. Со тешки телесни повреди се здобил Љ.Г., а со телесни повреди се здобиле А.Џ. и Е.Љ. констатирани во болницата “Св.Еразмо“.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи