-->
-->
Детали за убиството во Гевгелија
-->

Две лица се уапсени поради убиството на 41 годишниот Б.Р. од Гевгелија кој вчера околу 7 часот беше пронајден починат со повреди на главата.
Од полицијата информираат дека осомничени се К.И. (31) за сторено убиство и Р.К. (43) за помагање.
Според податоците од МВР, случајот со починато лице вчера кај нив бил пријавен од страна на лекар од Итната медицинска помош кој ја констатирал смртта со траги на насилство кај Б.Р., пронајден во семејната куќа на второпријавениот Р.К.
Истрагата покажала дека пред два дена во период од 21 до 22 часот, во семејната куќа на Р.К. седеле тој и сега убиениот. Во еден момент дошол првопријавениот К.И. извадил ракија и почнал да го обвинува Б.Р. дека му го украл мобилниот телефон.
Набрзо К.И. физички го нападнал Б.Р. во пределот на лицето, а продолжил удирајќи го во главата се до неговата смрт. Потоа двајцата осомничени ги прикриле трагите, а телото го преместиле во друга соба од куќата. Убиецот К.И. си заминал, а Р.К. останал.
Полицијата по прибирањето на доказите вчера ги привела двете лица, при што кај К.И. осомничен за убиството биле констатирани 4,56 промили алкохол во крвта, осомничениот за помагање Р.К. 2,53 промили алкохол. На двајцата им се земени примероци од крв и урина за дополнителна анализа.
На К.И. и Р. К., двајцата од Гевгелија поднесени им се кривични пријави и одреден им е притвор во времетраење од 30 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
