Живот
30. December 2018 - 12:37

Дете умирало во најстрашни маки поради лекарите: Не верувале дека е болно, родителите носеле крвави пелени како доказ

Смртта на малечката Изабела Рес се истражува во судот во Австралија бидејќи родителите малото девојче повеќе пати го носеле во болница пред да почине во 2015 година.

Судот утврди дека малечката Изабела имала симптоми кои варирале од црна столица преку голема треска до повраќање на крв. Мајката на девојчето рекло дека во болница ги донело валканите пелени на девојчето, крвта на креветчето и други слика за да докаже дека нешто не е во ред.

-Знаев зошто не сакаа да ни поверуваат. Затоа што секој пат кога одевме во болница имав доказ, а тие не игнорираа и не одбиваа. Изгледаше како се чувствуваме како хипохондрици, рече мајката на суд.

Таа исто така кажа дека во болницата персоналот имал чувство дека таа претерува и навела дека тие ја прашувале дали девојчето проголтало нешто сомнително, откако е видена дека држи батерија ден пред да се разболи.

Докторот во болницата рекол дека е невозможно нешто да проголала, а и ако има нешто внатре, „тоа ќе помине низ неа“.

На девојчето при тоа и е ускратен преглед со рендген и ултразвук.

Мајката рекла дека семејството не знае како и каде детето пронашло батерија, зошто на ниту еден од уредите во нивната куќа не им недостасува батерија.

Ќе дојде до судење за да се утврдат околностите за смртта на девојчето, а се очекува да бидат повикани 17 сведоци вклучувајќи го и персоналот на болницата и членовите на семејството на несреќното девојче.