Детектор анкета: Половина од граѓаните сметаат дека меѓународната заедница треба да ни ги избира судиите и да биде вклучена во судските процеси
Половина од граѓаните сметаат дека Меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители, покажува последното истражување на јавното мислење кое за #Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, 47,8% од граѓаните сметаат дека Меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители додека 36,1% сметаат дека не треба.
Според етничката структура и Македонците и Албанците во мнозинство сметаат дека меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители, со таа разлика што кај етничките Албанци потребата ја истакнуваат 62,4% а кај Македонците 42,7%.

50,9% од анкетираните се на ставот дека во одредени судски процеси од висок профил треба да бидат вклучени и обвинители од странство, додека 35,1% сметаат дека не треба. Разликата во ставовите според етничката структура на анкетираните и тука е идентична како и на претходното прашање.


Над три четвртини од граѓаните или 78,6% сметаат дека треба да се направи ветинг во судството, односно да се провери имотната состојба на судиите заедно со судските случаи во кои биле вклучени под мониторинг на меѓународната заедница.

Само 10,7% сметаат дека ветинг на судиите не е потребен.
Деталната анализа покажува дека околу 82% од вработените во приватниот сектор и оние кои што се самовработени како и земјоделците поддржуваат ветинг во судството додека овој процент кај вработените во јавниот сектор се спушта на 77,%, а најнизок е кај студентите, 75%.

Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година
Ново на Сител
-

На Инфективна починал 69-годишен пациент поради компликации од грип
-

Во Србија разгледуваат скратување на училишниот час на 30 минути поради намалено внимание на децата
-

Холандија предупредува: Царините на Трамп за Гренланд би можеле да го распаднат НАТО
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари на мегдан против Португалија
-

АХВ со вонредни контроли во маркети и хипермаркети
-

Затвореници во Гватемала преземаа контрола врз три затвори, држат 46 лица како заложници
-

ЕУ за царините на Трамп: Европа ќе остане обединета во зачувувањето на својот суверенитет
-

Денеска е Водокрст - навечерие на Богојавление
