-->
-->
Детектор: И Македонците и Албанците сметаат дека Македонија има најлоши односи со Бугарија
-->
Во регионот, според граѓаните најлоши односи имаме со Бугарија, покажува последното истражување на Институтот за политички истражувања Скопје.
Ваков став делат 64,6% од анкетираните. Следи Грција со 9,2%, Албанија со 3,4%, Србија со 2% и Косово со 1,2%.
Интересно е што ова е едно од ретките прашања за кои Македонците и етничките Албанци имаат исти ставови. И двете групи се на ставот дека Бугарија е земјата со која имаме најлоши односи во регионот. Разликата е што кај
Македонците вакво мислење делат 71,6% од анкетираните а кај Албанците 42,5%.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Колумбија прогласи вонредна состојба поради жолта треска и смртни случаи
-
Кампања на Царинска управа „Стоп за корупција“ за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата
-
Шалтерите на ЈП Водовод и канализација - Скопје утре ќе работат до 15:30 часот, понеделник е неработен ден
-
Папата Франциск нема да ги предводи велигденските богослужби во Ватикан
-
Сообраќајот на автопатот Демир Капија-Смоквица од денеска само по левиот тунел
-
Без струја неколку скопски општини, без вода дел од Кисела Вода
-
Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
Зеленски: Русија го игнорира предлогот на САД за прекин на нападите