Детето било заклучено во соба додека таткото ги убивал мајката и бабата па се самоубил

Морничави детали за вчерашното двојно убиство и самоубиство во Куманово. Осумгодишното дете било сведок на настанот и се криело заклучено во соба кога таткото ја убил неговата мајка, неговата баба па потоа си го одземал животот, во обид да избегне полициско апсење.
Детето е згрижено кај роднини од страна на фамилијата на неговата мајка, додека неговиот постар брат, на возраст од 13 години е надвор од земјата.
Убиецот бил добро познат кај полицијата и судот. Два пати бил осудуван со условна казна затвор поради семејно насилство. Повеќе од 10 години датираат пријавите на двете негови жртви кои со години трпеле насилство. Во периодот од 2013 до 2023 година, од страна на СВР Куманово до надлежното ОЈО Куманово има поднесено 5 кривични пријави против Д.Ј. по член 130 ст. 2 од КЗ на РСМ, сите извршени врз лицето Е.А, велат од кумановската полиција.
Но, се до трагичниот настан вчера, напаѓачот ниту еднаш не бил осуден со активна, ефективна затворска казна.
Ново на Сител
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
-

Тутунарите не се задоволни од понудените откупни цени за годинашнава реколта
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
