Македонија
25. July 2018 - 18:59

Девет лица повредени во сообраќајка кај селото Дамјан

Уште една сообраќајна несреќа на патиштата на Истокот. Овој пат повредени се 9 лица. Незгодата се случила рано утринава околу 03 и 40 миниту на магистралниот пат Штип – Радовиш, кај селото Дамјан. При несреќата дошло до судир помеѓу два автомобили и еден трактор со приколка. Сите патници во возилата, кои се од Радовиш и Пехчево, како и лицата кои се превезувале на приколката од с. Тополница, се здобиле со тешки телесни повреди.

- Сите повредени со возила на итната медицинска помош се пренесени во болницата во Струмица, каде се задржани на понатамошно лекување

Полицијата утринава изврши увид на местото на настанот, поради што патниот правец беше затворен за сообраќај час и половина. Се претпоставува дека лицата кои се превезувале со тракторот рано утринава оделе на берење на тутун, на што сугерираат празните гајби натоварени на приколката. Причините за несреќата дополнително ќе бидат утврдени.