Девет сообраќајки во Скопје изминатите 24 часа, пет лица повредени
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно девет сообраќајни несреќи. Во пет од нив со полесни повреди се здобиле пет лица, а во четири причинета е само материјална штета.
Како што информираа за МИА од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.
Санкционирани се тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, четворица возачи поминале на црвено светло на семафор и 22 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола.
Затекнати се 52 непрописно паркирани возила и 11 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 71 возило кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот, така и моторниот сообраќај.
Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Лазо Ангеловски“ со учениците од второ одделение, кое се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.
Во делот на превентивните активности денеска, како што информираат од од СВР - Скопје, ќе се одржи и едукативна работилница во автобус на ЈСП со учениците од второ и трето одделение од ОУ „Ј.Х. Песталоци“, општина Центар.
Ново на Сител
-
Како линеарното покачување на пензиите ќе влијае врз ПИОМ?
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-
100 дена Влада - Интеграција во ЕУ и подобрување на животниот стандард
-
Опозицијата за 100 дена Влада: Скандали, изговори и неисполнети ветувања
-
Пензионерите ги добија пензиите зголемени за 2.500 денари
-
Со средба во Прилеп пензионерите од повеќе градови од Македонија го одбележаа покачување на пензиите
-
Бизнисот разочаран, Синдикатот воздржан од 100-те дена нова Влада
-
Бактерија Стафилокока најдена во “бомбиците” кои ги јаделе децата од ОУ “Ѓорѓија Пулевски“