-->
-->
Девет танчерки и пејачки затекнати при контрола на угостителски објект во Слупчане, Липково
-->
Девет танчерки и пејачки од кои шест странски државјанки по три од Албанија и Косово, затекле полициските службеници од СВР Куманово и инспекторите од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, при контрола на угостителски објект во село Слупчане, општина Липково, соопшти денеска СВР Куманово.
Контролата била спроведена синоќа во периодот од 23.55 до 01.30 часот. Танчерките и пејачките не биле пријавени и не поседувале дозволи за работа.
Тие биле предадени на инспектор за странци и реадмисија за понатамошна постапка.
Државниот пазарен инспекторат констатирал дека угостителскиот објект врши дејност без да биде регистриран во соодветен регистар и на сопственикот му била изречена глоба и мерка забрана за вршење на дејност од еден месец.
Инспекторите од ЈП констатирале прекршок по Закон за регистрирање на готовински плаќања за што му била изречена глоба во висина од 500 евра и мерка затворање на објектот во траење од еден месец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста