Девет трикови со кои ќе изгледате поинтелигентно

Сакате да изгледате поинтелигентно? Применете ги следните девет трикови и речиси сигурно ќе го постигнете тоа.
Следете ги дневните новости
Никогаш не го поставувајте прашањето „Каков терористички напад?“, при услови кога тоа е главна вест и тема на разговор. Никој не очекува секој ден да ги читате сите весници, но барем информирајте се за основните новости.
За таа цел, може да се претплатите на некоја интернет-страница, или пак, со клик да означите повеќе информативни или новински Фејсбук страници како „омилени“, па така редовно да добивате „свежи“ информации.
Говорете правилно
Трудете се зборовите и речениците да ги изговарате правилно, без јазични грешки. На пример, речете - „Човекот, когошто го видов“, а не „Човекот, којшто го видов“, потоа - „петтемина“, а не „петмината“...
Бидете организирани
Организирајте ги фајловите, документите, папките... Неуредните луѓе изгледаат несериозно.
Пред средба или интервју со некого, потрудете се да се подготвите, да научите нешто повеќе за тој човек и слични подробности. Тоа ќе му поласка, а Вие во неговите очи ќе изгледате пософистицирано.
Поправајте ги своите грешки и учете од нив
Кога пишувате, на пример, може да користите програма којашто ги коригира граматичките грешки. Изгледа много грдо да испратите писмо полно со лапсуси.
Облечете се добро
Според многубројни истражувања, луѓето коишто се сметаат за попривлечни, изгледаат и поинтелигентни. Тоа е феноменот наречен „ефект на ореолот". Добро облечениот и спастрен човек може да создаде првичен впечаток на интелигентен човек.
Секако, не само облеката го прави човекот...
Поставувајте одмерени, логични и обмислени прашања
Вие сте на вечера со брачниот партнер и негови колеги. Човекот со кого разговарате е невролог, а Вие сте учител. Не се преправајте дека сте запознат со најновите откритија во врска со амигдалата, на пример.
Едноставно, слушате и прашувате. Нема ништо лошо во тоа да не знаете, и е добро доколку поставувате интелигентни прашања.
Артикулирајте
Луѓето кои говорат јасно и одмерено, се сметаат за посамоуверени од останатите. Правилниот, прецизен и течен говор исто така, Ве прави поинтелигентен.
Говорот на телото
Говорот на телото има огромна улога во тоа како општиме со другите. Исправен став, на пример, оддава впечаток на компетенција и интелигенција, додека пак, подгрбавеното тело и одење кажува дека сте мрзливец.
Бидете самоуверени
Проучувањата покажуваат дека луѓето кои настапуваат со голема самодоверба, макар таа да е и лажна и одглумена, другите ги гледаат како поинтелигентни.
Ако верувате во себе, и останатите ќе ви веруваат.
Ново на Сител
-

Руте: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни
-

Почна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски учесник на значајни активности и состаноци
-

Кос во Скопје: Нема гаранции за Македонија, како и за секоја друга земја-кандидат за ЕУ
-

САД извршија нови воздушни напади врз Иран, Техеран возврати со напади врз Кувајт и Бахреин
-

Десет лица повредени во последниот ракетен напад врз Одеса, руското ПВО соборила 415 украински дронови
-

Голем шумски пожар кај Порто Палермо во јужна Албанија
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локално со пороен дожд и грмежи, температурата до 36 степени
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
