Балкан
17. November 2017 - 21:43

Девет жртви во сообраќајна несреќа во Бугарија

Девет лица загинаа, а 19 се повредени во судар на минибус и камион на автопат во Централна Бугарија, соопшти денеска бугарското Министерство за внатрешни работи.

Меѓу настраданите е и возачот на автобусот, кој враќал група слепи луѓе од екскурзија, а некои од повредените се во критична состојба.

Несреќата се случи на автопатот од Софија до Варна.

Бугарија, со 7,1 милиони жители, е рекордер по смртност на патишта во Европската унија. Годинава на бугарските патишта загинале 535 лица.