Деветнаесетгодишник приведен поради агресивност кон полицајци
Тетовската полиција инфомира дека ноќеска 19 годишник од Радиовце е приведен во Тетово поради агресивност кон полициски службеници. Настанот се случил рано утринава околу 03:40 часот.
-На улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д. Д. (19) од село Радиовце, Tетовско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Марјна Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
СВР Тетово бележи и приведување поради пријавен физички напад. Минатата ноќ во 21.30 часот во Тетово, приведен е А.С.(33) од с.Мала Речица, Tетовско, затоа што околу 16.50 часот на „29 Ноември“ во Тетово физички ја нападнал Х.Б.(41) од с.Селце, Tетовско. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест