Деветтата симфонија на Бетовен на концертот на Филхармонија
„Борба, надеж, победа“ е насловот на вечерашниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, на кој првпат во Македонија ќе гостува врвниот австриски диригент Густав Кун.
Под палката на Кун, кој е основач и сценски директор на Тиролскиот фестивал во Ерл, ќе биде изведена Деветтата симфонија на Бетовен позната како „Химната на Европа“.
Покрај оркестарот на Филхармонијата, ќе учествуваат и солистите: Софи Горделадзе - сопран од Грузија, Џорџ Винсент-Хамфри - тенор од САД, Михаел Купфер - бас-баритон од Германија и Марта Лоти - мецосопран од Италија, како и Филхармонискиот хор „Светослав Обретенов“ од Бугарија и македонскиот хор „ПроАрс“.
Уште од премиерата во Виена, на 9 мај 1824 година, кога Бетовен веќе бил сосема глув, диригирајќи без вистински контакт со музичарите поради што за малку бил избегнат дебакл, Симфонијата бр. 9 станала едно од најзначајните дела во музичката историја.
- „Деветтата“ не е само врвно достигнување на класицизмот и дело-водилка кон романтизмот, туку и супериорна композиција чии звуци се поистоветуваат со химна на човештвото и хуманизмот. Затоа ова дело е редовно присутно на концертните програми во светот, а нејзиниот четврти став, „Ода на радоста“ е усвоен од Советот на Европа во 1972 година и во Европската Унија се користи од 1986 година како химна на Европа, наведува Филхармонијата.
Ново на Сител
-
Царинска управа: Соработката со деловната заедница подразбира континуитет и посветеност
-
До Центар за јавно здравје Куманово пристигнала една пријава за заболен ученик од шуга, преземени сите мерки во училиштето
-
Вработен во транзитниот центар Табановце бил нападнат од мигрант
-
Пораст на заболени од шуга минатата година во споредба со 2023 година
-
Голтнал ќесичка кокаин при претрес, 32-годишен Охриѓанец инто пренесен во болница
-
Градоначалникот на Кавадарци пријавил закани од сограѓанин
-
Кривична пријава против вработен во СВР Битола за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“
-
Во тек е куса пауза на руско-американските преговори во Ријад, информира Захарова