Девојчето што се расплака пред Меркел доби азил до 2017 година

Палестинското девојче, кое дојде на насловните страници на медиумите откако се расплака пред германската канцеларка Ангела Меркел за време на настан што го пренесуваа медиумите, доби азил во период од две години, јави допсиникот на МИА од Берлин.
Малата Реем Шавил и нејзиното семејство ќе можат да останат во земјата најмалку до октомври 2017 година врз основа на успешната интеграција во германското општество, објави весникот „Билд“.
Во јули годинава 14-годишната Реем се расплака пред телевисиките камери додека на течен германски се обидуваше да и објасни на Меркел дека во Германија дошла во 2011 година од бегалски камп во Либан.
- Имам цели во животот како и секој друг, Сакам да студирам како другите деца... не е лесно кога гледате како другите уживаат во животот, а јас не го можам тоа, изјави тогаш расплаканата Реем пред германската канцеларка, која и одговори дека „понекогаш политиката е тешка“ и дека Германија нема капацитет да ги прими сите бегалци во светот.
Ново на Сител
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор
-

СДСМ обвинува: Савески предложи обвинителка од „Тевтерчето“ на Мијалков
-

ВМРО-ДПМНЕ: ПР стратезите на Филипче му смислиле празен концепт за програма
-

Повредените со изгореници во „Пулс“ се лекуваат ласерски
-

Секој трет Македонец е гојазен
-

Откупната цена годинава на јагнето од 270 до 280 денари, сточарите бараа 300, си ги бараат и субвенциите за 2025 година
-

После 10 години Македонски шуми набави нова заштитна опрема за гасење пожари
-

Македонија ќе биде меѓу најпогодените од војната на Блискиот Исток, вели ЕБОР
