Македонија
28. December 2021 - 11:27

Девојка ограбила гостиварец во маркет

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода С.У.(28) од Гостивар.

Таа се сомничи  дека претходно, во маркет на ул.„Беличица“ во Гостивар, извршила кражба над 33-годишен гостиварец. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.