Дезинсекција во населените места во Општина Јегуновце

Општина Јегуновце во наредните два ноќа ќе врши трета по ред дезинсекција против комарци. Тоа ќе се прави ноќеска од 21 часот до раните утрински часови како и во истиот временски период утре.
– На 5 и 6 август годинава почнувајќи од 21 часот па се до раните утрински часови ќе биде извршена трета дезинсекција против комарци. Дезинсекцијата ќе се изврши со УЛВ генератор за ладно замаглување поставено на возило со приколка и предходница од друго возило со ротација. Со оваа дезинсекција против комарци ќе бидат опфатени зелени површини, населените места како и депониите на територија на општина Јегуновце, соопштија денес од локалната самоуправа.
Во случај на неповолни временски прилики дезинсекцијата ќе биде одложена, а граѓаните дополнително ќе бидат информирани кога ќе се направи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
