ДИЦ: Државниот матурски одбор ќе се произнесе дали и какви санкции ќе има за нарушеното полагање на државната матура
Државниот испитен центар (ДИЦ) најпрофесионално во рамките на своите надлежности ја спроведе државната матура, соопшти ДИЦ откако Министетството за образование и наука од него побара да ја лоцира одговорноста за пропусот во полагањето на вториот екстерен испит по Англиски јазик во саботата.
ДИЦ во соопштение наведува дека тестовите биле навремено изготвени и дистрибуирани до училиштата и тестирањето почнало навреме.
- За случувањата во однос на вибер-групата и споделувањето прашања и одговори за време на изведување на испитите ќе се дискутира на Државен матурски одбор, како највисок орган за реализација на државната матура. На состанокот, членовите на ДМО ќе се произнесат дали и какви санкции ќе има по сите инволвирани во нарушувањето на процесот на реализација на државната матура. Став на ДИЦ е испитот по Англиски јазик да не се поништи за сите оние кои ги почитувале правилата за изведување на државна матура, наведува ДИЦ во дописот потпишан од неговата директорка Благица Павловска.
Во однос на претстојните интерни испити од државната матура, кои ги организираат училиштата, ДИЦ посочува дека се надлежни училишните комисии.
Државниот испитен центар апелира да се почитуваат процедурите за спроведување на интерните испитите во рамките на државната матура за кои се одговорни училишните матурски комисии.
Во однос на укажувањето на МОН денеска, дека државната матура треба да се полага во големи простори - сали и холови, ДИЦ одговори дека „години наназад апелирал до Министерството за образование и наука државната матура да се спроведува во голем простор, за што е дискутирано и на Државен матурски одбор“.
- За жал, овие измени оваа година не се реализираа, но ставот на ДИЦ е дека од наредната година државната матура мора да се реализира во голем простор и со вклучени блокатори, соопшти Државниот испитен центар.
Ново на Сител
-

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола
-

Четири лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно пет пријави во последното деноноќие
-

Малолетничка со породилни болки донесена на Клиниката за гинекологија, мајката е приведена
-

Папата Лав XIV лично ќе ја претстави својата прва енциклика за вештачката интелигенција
-

Жолт метеоаларм во Париз поради топлотниот бран, Велика Британија пред соборување три рекорди
-

До крајот на неделата претпладне сончево, попладне дожд и засилен ветер
-

Шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром
-

Најмалку петмина повредени откако трамвај излета од шини и удри во зграда во Белград
