Македонија
16. January 2017 - 15:40

ДИЦ: Екстерното тестирање ќе опфати 18.600 матуранти

Со екстерното тестирање на матурантите ќе бидат опфатени 18.600 ученици од завршните години во средното образование, соопшти Државниот испитен центар.

ДИЦ претходно информираше дека поради продолжување на зимскиот распуст, екстерно проверување на постигањата на учениците ќе се спроведе од 30 јануари до 3 февруари 2017 година. 

Една недела пред тестирањето учениците ќе добијат информација за деновите на тестирање, а три дена пред тестирањето (27 јануари 2017) ќе бидат објавени и предметите по кои ќе бидат проверувани.

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7 февруари 2017.

Ново на Сител