ДИК: До 13 часот гласале 581.899 избирачи или 34,86 отсто
До 13 часот одѕивот од гласањето на денешните предвремени парламентарни избори е 34,86 проценти од обработени 3.300 од вкупно 3.524 избирачки места, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски.

На гласање до 13 часот излегле 581.899 од вкупно запишаните 1.784.416 граѓани во Избирачкиот список. Излезноста во првата Изборна единица е 38,35 проценти, во ИЕ 2 е 33,67 проценти, во ИЕ 3 е 38,67 проценти, во ИЕ 4 е 39,13 проценти, во ИЕ 5 е 33,55 проценти, а во ИЕ 6 одѕивот е 23,85 проценти.
- ДИК нема официјални сознанија и информациин за нарушувања на изборниот процес и гласањето се одвива во мирна и фер атмосфера, без неправилности, рече Чичаковски.
Според портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска, до ДИК се поднесени 20-ина приговори, а досега разгледаните се од граѓани кои се пожалиле дека ги немало на Избирачкиот список. Од досега разгледаните приговори е утврдено дека овие граѓани биле на списокот со спорни гласачи и не поднеле барање за пријавување во предвидениот рок, појасни Гугучевска.
Излезноста во 10 часот од денешните избори изнесуваше 9,49 проценти.
Ново на Сител
-

Дом за кучиња на кратко, надеж за цел живот: „Лајка“ воведува привремено згрижувањена кучиња
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани - нафтата падна на 96 долари
-

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја, Путин упати честитки
-

СДСМ: Мерките се задоцнети
-

Изминатите три дена 1699 сообраќајни прекршоци, уапсени 60 лица за безобѕирно управување на возило
-

Истражување: Некои бактерии можат да преживеат меѓупланетарни патувања
-

Реал го победи Атлетико во дербито на Мадрид
-

Меси го надмина Пеле по број на голови од слободен удар
