ДИК ги запре сите изборни активности
Државната изборна комисија на денешната седница ги запре сите активности поврзани со изборите кои беа закажани на 5 јуни, се до конечната одлука на Уставниот суд.
Претседателот на ДИК Александар Чичаковски рече дека треба да се запрат и сите понатамошни дејствија и активности на општинските изборни комисии, кои пак треба да се задолжат до ДИК да достават извештај за работа и финансиски извештај за периодот од нивниот избор до 18 мај 2016 година.
- Предлагам да се донесе заклучок да се запрат и сите понатамошни дејствија и активности во насока на спроведување, односно да доставиме информација да се запрат сите понатамошни дејствија и активности во насока на спроведување на предвремените парламентарни избори што требаше да се оддржат на 5 јуни 2016 година, а кои требаше да ги преземат Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државната комисија за спречување на корупција, Државниот завод за статистика и Државниот завод за ревизија, рече Чичаковски.
Членот на ДИК, Субхи Јакупи истакна дека Комисијата ќе продолжи со активностите кои, како што додаде, одат во насока на секојдневна работа што е надлежност на ДИК. - Како што почнавме и стигнавме до прочистување на Избирачкиот список, мислам дека и понатаму треба да продолжиме со тие активности, рече Јакупи.
Ново на Сител
-
Александар Глигоровски од Пробиштип е 61-вата жртва на трагедијата во Кочани
-
Таравари: Немаме понуда од „Влен“ да се споиме во една партија, ако тие сами одлучиле, нека го задржат името „Влен“
-
Макрон: Русија треба да престане да ги одложува тактиките и да прифати примирје со Украина
-
Зеленски: Путин не сака крај на војната
-
61-ва жртва на трагедијата во Кочани
-
Во Дуизбург 17 училишта останаа затворени поради закани од екстремната десница
-
Кина: Американските царини се економска „злоупотреба“
-
Телото на Карадакоски донесено во Македонија, утре ќе биде погребан во Кочани