ДИК: Гласањето без проблеми, излезноста до 10 часот - 8,09 отсто
Сите 1.517 избирачки места во 35 општини на кои се гласа во вториот круг од локалните избори за избор на градоначалници се отворени навреме, а гласањето тече без проблеми. До ДИК до 10 часот нема пријавено нерегуларности. Излезноста на ниво на државата е 8,09 проценти.Ова го соопшти на денешната прес-конференција портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска.
По општини најголема е излезноста во Демир Капија 22,47 проценти, а најмала во општина Студеничани 3,99 проценти.
Во шесте скопските општини каде што се гласа на вториот круг за избор на градоначалници, најголема е излезноста во Бутел 10,81 процент, а најмала во Чаир 6,17 проценти. Во останатите општини Гази Баба со 10,62 проценти, Кисела Вода 10,47 проценти, Сарај 7,24 проценти и Шуто Оризари 6,83 проценти.
Вкупниот број избирачи запишани во Избирачкиот список со право на глас во 35-те општини каде што се гласа во вториот круг е 833.716 гласачи.
Следната прес-конференција на ДИК е во 14 часот.
Ново на Сител
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени
-
Четворица обвинети за инцидентот со пукање со пиштол во Чаир во кој едно лице беше рането
-
Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 27 јануари
-
Косовец се обидел да пренесе 48.000 пара чорапи преку Блаце
-
37-годишник загина во пожар во сопствената куќа во Делчево
-
Скопје без парно, родители добиваат повик да си ги земат децата од училиштата и градинките
-
„Не апсеа и казнуваа по 173 евра за знамето со сонцето од Кутлеш“, сведоштва на македонски навивачи во Вараждин
-
Поскапуваат горивата