ДИК: Графолошко вештачење на потписот на жената во избирачко место во Гостивар
Државната изборна комисија донесе одлука да се изврши графолошко вештачење во врска со избирачкото место 0396/1 во Гостивар каде според приговорот на Движењето „Беса“, членовите на ИО утврдиле обид една жена да гласа по вторпат.
Графолошкото вештачење на потписот на жената се бара со цел да се утврди дали таа се обидела да гласа по вторпат или некој друг гласал во нејзино име.
Претседателот на избирачкиот одбор, кој заедно со останатите членови беа сослушани од страна на ДИК, посочи дека кога жената дошла да гласа било утврдено дека таа веќе гласала, односно стоел потпис во графата каде требала да се потпише по што од неа било побарано да се потпише на бел лист хартија со цел да се утврди дали се работи за ист потпис. Откако утврдиле дека се работи за ист потпис, било заклучено дека станува збор за обид да се гласа по втор пат.
Претходно, ДИК ги одби останатите седум приговори поднесени од Беса, а во тек е расправата по приговорите на Коалицијата предводена од СДСМ.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благица Петрески, Фајнанс Тинк