ДИК: Информациите за резултатите од вкрстените податоци се шпекулација
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево соопшти дека ги смета за шпекулации сите информации во медиумите во врска со наводни резултати од вкрстените проверки.
Љупка Гугучевска, советник во ДИК, изјави дека се очекува до утре да заврши дополнителната проверка на податоците од вкрстената анализа и дека се до официјалното усвојување на Извештајот од страна на ДИК ќе ги сметаат за шпекулации и дезинформации сите информации објавени во медиумите.
- Државната изборна комисија, по првичното разгледување на извештајот од спроведувањето на вкрстените проверки на базите на податоци од релевантните институции, одлучи да спроведе дополнителни контролни тестови на дел од прашањата опфатени со проверките. Сите (вкупно 31) прашања се составен дел од Планот за вкрстени проверки, а тој е објавен на веб страната на ДИК на 25 февруари, изјави Гугучевска.
Таа нагласи дека веднаш по завршувањето на дополнителните контролни тестови, Државната изборна комисија ќе закаже јавна седница за усвојување на извештајот од вкрстените проверки.
Ново на Сител
-
Индија: Деветмина работници загинаа во уривање на тунел во Кашмир
-
СЗО: Досега потврдени 80 случаи на мајмунски сипаници
-
Јаневска: Просветните работници се изиграни и манипулирани, договорот меѓу СОНК и владата не е соодветен на нивните барања
-
Јаневска: Реформите во образование на власта не дадоа никаков успех затоа што беа спроведени набрзина без анализа
-
Претрес во Ласкарци, пронајдено оружје
-
Десет повредени во пожарот во хотелот „Буши“ однесени во ГОБ „8 Септември“ и на Токсикологија
-
Шест годишно дете се удави во реката Пена во Тетово
-
Локализиран пожарот во хотел „Буши” во Старата скопска чаршија