ДИК: Излезност од 18,18 отсто до 15 часот на повторените избори во четири општини

До 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник што денеска се одржуваат во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23 298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128 286 гласачи. Гласањето се спроведува на 215 избирачки места, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Најголема излезност е забележана во општина Врапчиште, каде до 15 часот гласале 5 730 гласачи, односно 21,01 отсто. Во Гостивар своето избирачко право го искористиле 14 770 гласачи, што е 17,85 отсто. Во Центар Жупа гласале 831 гласач, односно 10,99 отсто, додека во Маврово и Ростуше гласале 1.967 гласачи, што претставува 18,60 отсто.
Во споредба со гласањето на 19 октомври 2025 година, до 15:00 часот се забележуваат разлики во излезноста по општини. Во Врапчиште излезноста е зголемена за 6,47 отсто, додека во Гостивар е намалена за 3,01 отсто. Намалување е евидентирано и во Центар Жупа за 6,13 отсто, како и во Маврово и Ростуше за 1,54 отсто.
МИА
Ново на Сител
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
-

Се одбележаа 25 години од масакрот на Карпалак кога загинаа 10-мина прилепчани
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за младите од Ново Село, СДММ бара одговорност за откривање службена тајна
-

Зеленски во официјална посета на Србија
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
