-->
-->
ДИК известена за распишувањето на Локалните избори
-->
Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека е известена за потпишаното Решение за распишување на Локалните избори од страна на Претседателот на Собранието на Република Македонија и дека очекува документот да и биде доставен и да биде објавен во Службен весник на Република Македонија.
- По објавувањето на Актот за распишување на локалните избори во Службен весник на Република Македонија, Државната изборна комисија ќе одржи седница на која ќе биде усвоен Календар – роковник со кој ќе бидат утврдени изборните активности и роковите за нивно спроведување, по што ќе започне спроведувањето на локалните изборите, соопшти ДИК и додаде дека навремено ќе информира за преземање на сите активности за организирање и спроведување на изборите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден