Дилма Русеф сведочи пред Сенатот на Бразил во расправата за импичмент
Суспендираниот претседател на Бразил Дилма Русеф сведичи денеска пред сенаторите, во специјалната сесија за импичмент.
Таа е обвинета за незаконско манипулирање со буџетот на државата пред последните претседателски избори, со намера да се сокрие растечкиот дефицит на земјата, но и за изборни потреби.
Русеф ги отфрла ваквите обвинувања и тврди дека станува збор за „држвен удар“ на опозицијата и на нејзините политички противници.
Сенатот треба да гласа во текот на оваа недела за тоа дали таа ќе биде трајно отстранета од функцијата или ќе биде вратена во претседателската канцеларија.
За да биде отповикана, треба да гласаат 54 од вкупно 81 сенатори.
Според бразилските медииуми, засега 52 се за импичмент, 18 се против, а 11 сенатори се уште не се определиле, што покажува дека се потребни само уште два гласа за смена на Русеф.
Доколку таа биде сменета, сегашниот привремен претседател Мишел Темер ќе го заврши нејзниот мандат и на таа функија, како претседател, ќе остане до декември 2018 година.
Дилма Русеф (68) претходно ја обвинуваше опозицијата дека сака да ја тргне од функцијата затоа што Работничката партија на Бразил управува со земјата 13 години.
Но, освен за „преправање на буџетот“ таа е обвинета и за вмешаност во корупцискиот скандал во државната компанија „Петробрас“ како и за обидот да ја попречи правдата во случајот против поранешниот претседател Лула де Силва, обвинет со сопругата за учество во перењето пари.
Во Бразил постојано има протести на приврзаниците и противниците на Русеф, едните даваќи и поддршка, а другите барајќи таа да биде сменета од функцијата.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ загуби од 19-годишниот Меншик во финалето на турнирот во Мајами
-
Надворешно-политичките, безбедносните, одбранбените и економските предизвици на ЕУ главни теми на овонеделната сесијата на ЕП
-
Во Лондон дводневен Самит за борба против шверцот на мигранти
-
Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја
-
Променливо облачно, попладне наместа со пороен дожд
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин