Димче Арсовски: Државата ќе биде задолжена за нови 53,6 милиони евра
Во моментов се одржува аукцијата за трето по ред задолжување на новата министерка Нина Ангеловска откако е министер за финансии во последните 45 дена.
Денеска Заев и Нина Ангеловска ќе ја задолжат државата за нови 53.6 милиони евра.
Денеска Заев и Нина Ангеловска уште повеќе со ова задолжување ќе ја осиромашат државата и граѓаните на Република Македонија.
За само 45 дена министерката Нина Ангеловска по наредба на Заев ја задолжија Македонија и граѓаните за над 150 милиони евра. Тоа е во просек над 3 милиони евра дневно задолжување во изминативе 45 дена.
Психолошката граница на долгот одамна е помината.
До сега, никаков проект немаме видено дека се реализирал или дека воопшто отпочнала реализација, кој е од корист на граѓаните. Реализацијата на капиталните инвестиции заклучно со месец август е ниски 28.16%, што е најниска во историјата до сега.
Додека државата енормно се задолжува, економијата доживува крах и распад, а криминалот и корупцијата цветаат.
Додека граѓаните преку сиромаштијата ги трпат последиците на задолжувањето од страна на неискусната министерка и нејзиниот наредбодавач Заев, гледаме јавно на снимки како премиер и министри земаат мито, гледаме како се местат тендери секо ден, гледаме како се рекетира на секој чекор од страна на функционерите на власта.
Погрешните политики во економско - финансискиот дел на Владата, неискуството на новата министерка и криминогениот начин на работење на премиерот и функционерите на СДСМ доведуваат до пропаст на економијата и иселувањето на граѓаните. Над половина милион граѓани живеат во сиромаштија, а толку се и иселија.
Затоа, потребна е коренита обнова на Македонија и домаќинско работење со државната каса од луѓе со искуство и визија.
Тоа ќе се случи веднаш откако СДСМ ќе падне од власт.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест