Димитриеска-Кочоска: Се следи состојбата на Блискиот Исток, ако треба да преземеме нешто, ќе биде во рамки на законите

Рано е да се прогнозира колку ќе трае ситуацијата на Блискиот Исток, треба да почекаме, да видиме. Состојбата се следи на дневна основа, а ако се утврди дека е потребно да преземеме мерки од аспект на економијата, тие ќе бидат согласно законот, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
На прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања, Димитриеска-Кочоска постети дека Министерството за финансии не предлага кризни состојби.
-Има соодветни министерства кои, врз основа на анализи, треба да достават таков предлог и откако ќе се констатира каква е состојбата, во законот јасно стои што треба да се преземе. Ние ги следиме состојбите на дневна основа. Ќе видиме какви ќе бидат случувањата. Во законите е предвидено во кои услови може да има промени. Соодветно ќе реагираме. Нема песимистичко сценарио, законот е јасен. Има членови што кажуваат кога, во кои услови може да се направат промени. Некои прогнози се дека ова нема да трае долго, ќе видиме. Нафтата, денеска проверуваме, беше под 75 долари за барел. Не можеме да знаеме колкав ќе биде периодот до завршување на ситуацијата на Блискиот Исток, некои велат ќе трае кратко, некои анализи покажуваат дека подолго ќе трае. Треба да почекаме и да видиме, не би сакала однапред да зборувам. Ако ваквата ситуација продолжи, тогаш со ребалансот ќе ги менуваме проекциите. Секако на Владата ќе и стојат и други мерки на располагање, но ќе видиме. Владата е таа што треба да одлучи, премногу е рано особено за ситуација која очекуваме да заврши во пократок период, да прогнозираме дека нешто страшно ќе се случи. Ги следиме состојбите, да оставиме, да видме како ќе се развиваат работите, објасни Димитриеска-Кочоска.
Според министерката, Македонската економија изминатиот период е под силно влијание на случувањата надвор, но тоа е предизвик што стои пред Владата и онака како што и досега, во изминатите 20 месеци, покажавме како се работи на економски план, така и ќе продолжиме, ќе создаваме мерки и политики од интерес на стопанството и граѓаните, истовремено имајќи ја предвид состојбата на меѓународно ниво.
МИА
Ново на Сител
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
