Димитриеска-Кочоска за цените на прехранбените производи: Одлуката е на Владата како колективно тело, а не поединец
На Влада, исто така, сум била гласна. Гласно сум го кажала мојот став секаде. Но, одлуката е на Владата како колективно тело, а не поединец. Ова го кажа денеска од собраниската говорница министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска одговарајќи на прашање на пратеникот СДСМ, Јован Митрески околу мерките за цените на прехранбените производи.
- Наведовте еден куп работи кои не се во рамки на Министерството за финнансии, туку е обврска на Министерството за економија – од потрошувачка кошничка до кои производи биле итн. Јас мојот став го кажав. Сега имаше корекција и беше во насока на тоа дека понудата стигна од приватниот сектор. Кога стигнува понуда од приватниот сектор и компаниите е сосема друга работа од она што се наметнуваше како обврска и наредба од страна на Владата. Значи дека сепак до некаде она што сум го кажала на Влада било прифатено и било комплетно променет моделот. Од тој аспект не можете да кажувате ништо и да вперувате прст во мене, затоа што сум секогаш гласна. На Влада, исто така, сум била гласна. Гласно сум го кажала мојот став секаде. Но одлуката е на Владата како колективно тело а не поединец. Во однос на покачувањето на цените не производите, јас првин не знам и тоа треба да го проверите уште еднаш со Државниот завод за статистика во однос на тие производи кои што ги наведувате колку поскапувале. Видете колку е инфлацијата на прехранбените производи во овие последни месеци, рече министерката.
На прашањето зошто Владата не го прифатила Законот за намалување на ДДВ-то за прехранбени производи, Димитриеска-Кочоска одговори со прашање до Митрески зошто власта на СДСМ не ги прифатила законските измени на ВМРО-ДПМНЕ кои ги предложиле тие претходно во однос на оваа прашање.
- Вие се обидувавте да предложите закон за ДДВ, односно промени кои што ние ги предлагавме исто еден период, меѓутоа вие не ги прифаќавте. Знаете зошто не ги прифаќавте? Затоа што ви одговараше да има инфлација, во тој период да ви се полни буџетот и да ги трошите парите таму каде што не треба. А сега состојбата е комплетно различна и наспроти ова што го зборувате ние ги зголемивме и пензиите и платите во образование, во здравство и полека ќе се зголемуваат платите во останатите сектори. Ќе имаме корекција во март, токму во насока да не трпат граѓаните. Ние го подобруваме животниот стандард на граѓаните. Не можете да ми префрлате во тој дел, рече таа.
Ние, потенцира Димитриеска-Кочоска, сега ги стабилизираме состојбите и посочи дека во иднина уште постабилни ќе бидат и од тоа што се денес.
- Но вие тоа што го направивте со неодговорното однесување кога цените отидоа на ова ниво, не можат да се вратат назад. Знаете зошто? Затоа што имавте еден куп погрешни политики, погрешни мерки и тоа кога ќе отиде на многу повисоко ниво нема враќање назад. Ја уништивте цела економија која сега делчиња по делчиња ја составуваме, рече министерката Димитриеска-Кочоска.
Ново на Сител
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро
-
Кражба во црква во Штип
-
Во Гевгелија започна изградбата на Трговски центар, инвестиција вредна околу 20 милиони евра и отворање на 350 нови вработувања
-
Процесот е во финална фаза, очекувам во јануари банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата од унгарскиот заем до компаниите, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Не би шпекулирал дали Груби е во Албанија или во Косово, факт е дека не бил чист како солза