Димитриев испрати честитка до еврејската заедница по повод Рош - Хашана
Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев упати честитка до претседателот на Еврејската заедница во Македонија и до припадниците на еврејската заедница во која им ја честита еврејската Нова година - Рош Хашана.
- Празнувањето и одбележувањето на деновите кои се поврзани со идентитетот, секогаш и секаде претставуваат симбол на припадноста и себеидентификацијата на еден народ, што претставува едно од основните човекови права. Почитувањето на ваквите денови во Република Македонија претставува значајна вредност на нашата држава и афирмација на меѓусебното разбирање помеѓу нашите граѓани. Тоа се вредности кои го чуваат нашето единство и го осветлуваат патот на нашата иднината, вели Димитриев во честитката.
Во оваа насока, додава Димитриев, Ви ја честитам новата година и Ви посакувам се што е позитивно и се што носи радост и среќа, а што не се случило во изминатата година, да Ви се случи оваа година. Воедно, Ви посакувам мир и спокој во секој од Вашите семејства и нека Вашите животи ги води љубовта, добрата мисла и добрите дела.
Ново на Сител
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово