Димитриевски: Да ја браниме Македонија во духот на македонскиот непокор
Делегација од Општина Куманово предводена од Градоначалникот на општината, Максим Димитриевски, положи свежо цвеќе пред споменикот на АСНОМ во Меморијалниот центар АСНОМ-Пелинце, каде се одбележа чествувањето на големиот државен празник 2 Август – Денот на Републиката.
„Денеска одбележуваме 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ, оддавајќи им почит на нашите предци, кои нѐ задолжија со своите херојски дела, поставувајќи ги темелите на современата македонска држава. Одговорност на секој од нас е да ја чуваме татковината. Да ја браниме Македонија во духот на македонскиот непокор, на слобода, демократија и општествени вредности. Да ја празнуваме македонската историја и да го негуваме македонскиот јазик како темел на нашиот идентитет. До сите граѓани од православна вероисповед упатувам искрена честитка и за големиот верски празник, во чест на Св. Илија. Нека ни е честит и вековит Илинден, за многу години АСНОМ!”, стои во честитката од градоначалникот Димитриевски.
Ново на Сител
-
Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале
-
14-годишно момче избодено до смрт во Лондон
-
Пожар во куќа во Гази Баба
-
ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја: Тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ги зголемува тензиите
-
Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство
-
Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината
-
Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари
-
Во тетовско приведени девет странски државјанки при контрола на угостителски објект