Димитриевски: Придружете ни се, да се ставиме сите во служба на Македонија и на нашиот народ | ВИДЕО

Актуелниот градоначалник на Општина Куманово и идејниот творец на граѓанското движење Максим Димитриевски, ги покани поддржувачите, пријателите и граѓаните да се придружат на граѓанската иницијатива и да присуствуваат на настанот по повод Иницијативата за формирање на новиот политички субјект на македонската политичка сцена, Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, на 9 октомври во 20:00 часот, во Хотел Холидеј Ин во Скопје.
Димитриевски информираше дека сите заинтересирани граѓани можат да присуствуваат на настанот и да дадат свој придонес во креирање на еден нов субјект кој што има за цел да ги смени работите во државата, да ги промени процесите, од граѓаните за граѓаните.
"Да се ставиме целосно во служба на Македонија и на нашиот народ!" повика Димитриевски.
Ново на Сител
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
