Димитриевски: Сакам да го видам мажот кој ќе го прифати ваквиот предлог
Сакам да го видам мажот кој ќе го прифати ваквиот предлог и којшто всушност уште од самиот почеток ја губи борбата. Ќе ги има на една страна граѓаните, а на другата страна малата политичка елита. Барем до овој момент не видов ниту еден член од Владата којшто отворено се спротистави на ваквиот предлог - ова го истакна актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето во Тема на денот на Сител ТВ.
- Сите молчат. Верувам дека во следниот период ќе излезе некој да се одважи, да каже спротивен став од премиерот по однос на ваквиот предлог, а од друга страна ни останува судбината да ја решат малите политички субјекти кои се владини коалициони партнери тие се на потег - еве ги повикувам нека излезат јавно и нека се признесат јасно и гласно дали сакаат со останување во владата да дадат поддршка на еден ваков предлог којшто де факто е веќе поминат, кажа Димитриевски.
Ново на Сител
-
ОЈО ГОКК донесе наредба за распишување потерница и предложи притвор за Васко Ковачевски
-
Судскиот совет на РСМ ќе избира нов претседател на 3 јануари
-
19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско
-
Таткото и мајката на детето кое изврши убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ осудени на 14,5 и на три години затвор
-
Пад на индустриското производство
-
Таравари го оцени јавниот здравствен систем со осумка, вели се дава максимум и се добиваат квалитетни услуги
-
Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависат Велигденската и Рамазанската кошница
-
Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%