Македонија
7. November 2022 - 16:12

Димитриевски: Во првата година од мандатот реализирани над 130 проекти

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски по повод една година од вториот мандат на својот фејсбук профил објави за реализираните проекти.

Тој наведува дека се изградени два нови кружни тека и се реализирани над 130 проекти. Нагласува дека се асфалтирани 50.000 квадратни метри, улици, поставен е бекатон на 20.000, изградена е 8.000 метри атмосферска и фекална канализација и поставен е тампон на 80.000 метри квадратни површина.

Како што наведува во објавата, реконструирани се три средни и пет основни училишта, изградени се пет нови спортски игралишта, реконструиран е стариот градски парк. Димитриевски пишува дека се набавени 12 нови возила и механизација на јавните претпријатија, а тековно се санира спортската сала. Во делот на екологијата, тој укажува дека тековно се чистат речни корита, поставени се шест мерни станици за мерење на аерозагадувањето,  40 полуподземни контејнери, засадени се 1300 садници, расчистени се 20-тина диви депонии, поставени се околу 1.000 садови за смет.

– Граѓанскиот концепт не должи никому, тој должи единствено на вас граѓаните, Куманово продолжува да се менува на подобро, пишува Димитриевски.