Димитров на конференција за Западен Балкан во Солун
Со учество на претставници од земјите од Западен Балкан, меѓу кои и заменик-претседателот на Владата на Македонија задолжен за европски прашања Никола Димитров, попладнево во Солун ќе се одржи специјална конференција за регионот „Западниот Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“ во организација на алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтиадис Варвициотис, јави дописничката на МИА од Атина.
Дискусијата е во рамките на Конференцијата за иднината на Европа, а на покана на Варвициотис ќе присуствуваат заменик – претседателот на Владата на Македонија задолжен за европски прашања, заменик – министерот за надворешни работи на Србија, министрите за надворешни работи на Црна Гора и Албанија, вршителот на должноста заменик – министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Косово и заменик – министерот за надворешни работи на Словенија, како земја претседавач со ЕУ, а еврокомесарот за соседство и проширување ќе се обрати со снимена видео порака.
Од Секретаријатот за европски прашања соопштија дека „преку учеството на вицепремиерот Димитров заедно со министрите за европски и надворешни работи од регионот, како и словенечкиот претставник на претседателство со Советот на ЕУ, ќе се дискутираат ставовите на земјите и граѓаните од Западен Балкан и ЕУ во однос на иднината на Европа“.
Состанокот ќе биде од затворен карактер, а настанот е на маргините на 85-от Меѓународен саем во Солун.
Ново на Сител
-

Опструкции и влошени пневмонии ја наполнија клиниката Козле – Дневно над 250 прегледи
-

Маските во Вевчани продефилираа во препознатлив дух
-

Не се издавале изградени објекти во ТИРЗ, се склучувале договори без анализи, се исплаќале плати без критериуми
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

Глутница кучиња во скопски Карпош: Граѓаните видно вознемирени - што ќе превземат властите?
-

Тема на денот со Никола Грпчевски, државен советник во Министерство за здравство
-

Унгарски 4 Ај Џи доби лиценца за трет мобилен оператор
