Димитров од Белград: Доаѓам со порака дека регионалната соработка е апсолутно европска приказна

Регионалната соработка има исклучителна важност за остварување на заедничките стратешки определби на кои Владата е посветена без оглед на политичката ситуација, а потврда за тоа е и моето учество на овој состанок. Ова го изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, кој во име на Владата на Македонија, попладнево пристигна во Белград на работниот состанок во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.
– Јас пред сѐ доаѓам со порака дека регионалната соработка е апсолутно европска приказна, дека сакаме да продолжиме да ја продлабочуваме. Додаваме еден важен сегмент утре – како дигитализацијата може да ни помогне за да ја забрзаме и продлабочиме регионалната соработка, изјави Димитров при пристигнувањето во Белград.
Доаѓам во момент, додаде Димитров, кога како што знаете, во нашата Македонија, во Македонија завршија локални избори, има извесни политички предизвици, а и политичка криза на некој начин.
– Важно е да дадеме сигнал дека како Влада, како држава, сме целосно посветени на оваа иницијатива што се роди на Балканот и чија што цел првенствено е европски Балкан, истакна Димитров.
Како што соопшти СЕП, предвидени се лидерски средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, како и со претставници на компаниите од трите земји кои учествуваат во оваа платформа за унапредување на регионалната соработка во контекст на европската интеграција.
Утре со почеток во 11:30 часот ќе се одржи прес-конференција што ќе биде пренесувана во живо на линкот: www.tanjug.rs.
Ново на Сител
-

Поскапуваат дизел горивата
-

Украден „голф“ кој бил паркиран со клуч на бравата - возачот удрил во маркет и повредил вработена
-

Кумановец сакал да откупи крипто валути, останал без 43.750 евра
-

МЗШВ: Засилени контроли на АХВ во Липково поради појава на сипаници кај овците и козите
-

Јаневска: Нема потреба од повлекување на законот за високо образование, нема многу забелешки, сите разумни ќе бидат прифатени
-

Зеленски: Следните мировни преговори ќе се одржат во Абу Даби на почетокот на март
-

Oткриен обид за шверцување 4.800 пакувања никотински кесички во вредност од 1,2 милион денари
-

Дала 2.700 евра а барала да се вратат 15 илјади евра, уапсена 53 годишна лихварка во Струмица
