Димитров од утре во посета на Германија
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров од утре ќе престојува во дводневна посета на Сојузна Република Германија.
Според агендата, предвидени се средби со високи претставници на новоформираната германска Влада, вклучително и со новата државна министерка за Европа – Ана Лирман, која на првиот ден од преземањето на функцијата од Михаел Рот, ќе се сретне со вицепремиерот Димитров.
Димитров, како што информира Секретаријатот за европски прашања, ќе ја искористи посетата за да уште во првите денови од мандатот на Владата на канцеларот Шолц, да го насочи вниманието кон европското досие на Македонија и ангажманот на Германија во регионот.
Прашањето за евроинтеграцијата на регионот, Димитров ќе го покрене и на годишната конференција на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), клучен настан на европскиот политички календар што ги обединува највисоките носители на одлуки на континентот, еминентни интелектуалци, претставници на невладиното општество и тинк-тенк заедницата.
Вицепремиерот Димитров во мај годинава стана официјален член на ECFR, водечка меѓународна тинк-тенк организација, посветена на европската надворешна и безбедносна политика.
Ново на Сител
-
МЗ: На Клиниката за ортопедија кај 12-годишно дете извршена трансплантација со коска од донор
-
Рубио го поддржува планот на Трамп САД да ја преземат контролата над Газа
-
Вучевиќ: Мојата оставка е „незапирлив процес“
-
„Ајфон 15“ најпродаван телефон за 2024 година
-
Приведен 58-годишник од Делчево за предизвикување пожар
-
„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје
-
Грција депортираше 40 државјани на трети земји кои не добиле азил
-
Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина