Димитров се сретна со Карл–Хајнц Ламберц, претседател на Европскиот комитет на регионите

Европските интеграции на земјава и очекувањата од претстојниот октомвриски Совет на Европската Унијата беа тема на дискусија на денешната средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со Карл–Хајнц Ламберц, претседател на Европскиот комитет на регионите, кој е во дводневна посета на земјава.
За време на средбата, инфомрираат од МНР, министерот Димитров го информираше соговорникот за позначајните постигнувања и резултати во клучните реформски области, потенцирајќи ја можноста за заеднички успех со ЕУ, преку усвојување одлука за отпочнување на пристапните преговори во октомври. Се заблагодари за навремената посета на Ламберц, што претставува дополнителна потврда и сигнал од европските институции за европската перспектива на нашата земја.
Воедно, на состанокот беа разменети мислења и за прашања поврзани со кохезија, децентрализација, прекугранична соработка, намалување на економските разлики меѓу различните региони во Европа, како и пошироко за иднината на Европа. Притоа беше заклучено дека ЕУ архитектурата нема да биде комплетна без интегрирање на регионот на Западен Балкан.
Утре Ламберц ќе биде примен и од претседателот на Собранието Талат Џафери.
Ново на Сител
-

Маж од Кичево е лишен од слобода откако управувал возило и покрај активна забрана и удрил во малолетно лице
-

ОАЕ известуваат за нов ирански напад со ракети и дронови, Иран тврди дека е насочен кон алуминиумската индустрија во Заливот
-

Сиљановска-Давкова до католичките верници: Велигден да донесе мудрост и солидарност
-

Денеска е Цветници - Влегување на Исус Христос во Ерусалим
-

Трамп вели дека го спасиле вториот пилот на соборениот Ф-15 над Иран
-

Николоски, Ѓорѓиевски и Ивановски на увид во реализацијата на проектот „Градски воз“
-

Две трки денеска во Скопје – изменет сообраќај на повеќе локации
-

Римокатолиците го слават Велигден
