Димитров: Убеден сум дека овој изборен процес уште еднаш ќе ја потврди македонската демократија
Цврсто сум убеден дека и овој изборен процес уште еднаш ќе ја потврди македонската демократија, каква се очекува од земја членка на НАТО и од земја која забрзано се движи кон ЕУ, истакнал министерот за надворешни работи Никола Димитров на средбата со шефицата на Специјалната изборна оценска мисија на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 15 јули.
Од Министерството за надворешни работи информираат дека Димитров на средбата со Лаима Лиусија Андрикиене изразил благодарност до ОДИХР за брзото распоредување на набљудувачката мисија, при што ја истакнал подготвеноста на институциите за обезбедување на неопходните услови за успешно набљудување на изборите од страна на мисијата.
Димитров го нагласил значењето на набљудувањето на ОБСЕ/ОДИХР за довербата, кредибилитетот и транспарентноста на изборниот процес.
Шефицата на набљудувачката мисија информирала за досегашните активности, при што истакнала дека набљудувањето на изборите, со оглед на здравствената криза, ќе биде спроведено со помала мисија која има целосен мандат да ги набљудува сите аспекти на изборниот процес.
– Ве уверувам дека и со ваквиот формат на Мисијата, наметнат од пандемијата, нашата работа ќе ја завршиме квалитетно и ефикасно во функција на успешна мисија за кредибилно набљудување на изборниот процес, истакнала Андрикиене, изразувајќи надеж дека овие избори ќе бидат демократски и фер по европски изборни стандарди.
Ново на Сител
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз