-->
-->
Димитров во Минхен се сретна со Хан и Лајчак
-->
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ги започна активностите на Минхенската безбедносна конференција, која се одржува од денеска до 18 февруари 2018 година.
На првиот ден од Конференцијата, како што соопшти Министерството за надворешни работи, Димитров оствари повеќе средби за афирмација на реформската агенда и стратешките приоритети.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи, на заедничката средба со вицепремиерот и министер за одбрана, Радмила Шекеринска и со еврокомесарот Јоханес Хан, се разговараше за важноста од мериторен и кредибилен процес на проширување, со што ќе се реализира заедничкиот европски интерес за брза интеграција на Република Македонија и регионот.
Димитров имаше средба и со претседателот на Генералното собрание на ООН Мирослав Лајчак на која беа разменети мислења за актуелниот регионален контекст и политичките динамики. Соговорниците, како што стои, се согласија дека новосоздадениот моментум во политичките текови во Република Македонија не смее да се пропушти
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот
-
Студентите кои протестираа поради војната меѓу Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас