-->
-->
Димитров во посета на Данска, Шведска и Финска
-->
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров од денеска до 17 август ќе претстојува во работна посета на Кралството Данска, Кралството Шведска и Република Финска.
Како што соопшти МНР, во рамки на регионалната турнеја Димитров на своите нордиски колеги ќе им ги претстави стратегиските приоритети на новата реформска Влада насочени кон враќање на европската и евроатлантската перспектива на Република Македонија и нејзините граѓани.
Главниот акцент во разговорите ќе биде ставен на обезбедувањето на што е можно поголема помош од пријателските нордиски демократии, за поефикасно и потемелно спроведување на реформите, како и нивна засилена поддршка за што поскоро придвижување на процесите на интеграција во ЕУ и НАТО.
На средбите ќе бидат разменети мислења и околу можностите за понатамошно интензивирање на политичкиот дијалог, унапредување на билатералните односи и соработката во повеќе области од интерес, информира МНР. мч/дма/07:26
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Контролирани пожари - Можат ли да помогнат со справувањето на шумските пожари
-
Модерното време штетно влијае на правилен раст и развој
-
Преглед на вестите од светот
-
Скопје се буди, ВМРО- ДПМНЕ чествува 80 години од 13 ноември
-
Тема на денот со Моника Зајкова, лидерка на ЛДП
-
Прва регионална бекутан конференција во Скопје: „Родителството некогаш и денес“
-
Прекината седницата за надзор на тајните служби – Реџепи не ги прифаќа барањата на мнозинството
-
Ахмети: Плоштадите ќе бидат полни ако Уставен го допре јазикот