Димитров: За недела до две Македонија добива столче во НАТО
– Македонија оваа недела или на почетокот на идната ќе го потпише Протоколот за НАТО, а на столчето во Северноатлатнскиот совет ќе седне штом Протоколот биде ратификуван во грчкиот Парламент, вели шефот на дипломатијата Никола Димитров.
– Оваа недела или на почетокот на идната треба да се потпише Протоколот за НАТО. Потоа тој треба да се врати во грчкиот Парламент на ратификација. Се надевам дека потоа сите наши пријатели, а меѓу првите е Литванија, ќе го ратификуваат Протоколот во нивните собранија. Штом се ратификува во грчкиот Парламент ќе го добиеме столчето во Алијансата. И тогаш стапуваат во сила уставните измени и другите одредби од Преспанскиот договор, рече Димитров на трибината во МНР организирана од Инфо центарот за евроатлантски интеграции на која присуствуваше и министерот за надворешни работи на Литванија Линас Линкевичиус кој е во официјална посета на Македонија.
Тој истакна дека министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе присуствува по првпат на состанок на министрите за одбрана на 13 и 14 февруари во Брисел, а тој како министер за надворешни работи во април на Министерскиот состанок на НАТО во Вашингтон.
Инаку, право на глас Македонија ќе добие штом се потпише Вашингтонската повелба на НАТО.
Според процедурите, Преспанскиот договор треба да биде испратен во ОН каде треба да добие потврда од Советот за безбедност дека е решен спорот за името
Ново на Сител
-
Приведен велешанец, пронајдени 11 килограми опиум
-
34-годишен Тетовец силувал малолетник
-
СДММ: Бараме оставка од пратеникот Сергеј Попов - возел пијан, без возачка, направил сообраќајка
-
Приведен бегалец од затвор осуден на седум години за сторено кривично дело „разбојништво“
-
Рамос потпиша со својот нов тим и избра посебен број
-
„Пази што зборуваше да не пропаднеш во дупка“, имам закани од психопативе, кажа Гоце Трајковски на сведочењето
-
Печатено издание на „Плејбој“ - прво по пет години
-
Почна дводневниот бојкот на супермаркетите во Црна Гора