Македонија
11. July 2017 - 20:58

Димитров: Жалам за изјавата на Дачиќ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во писмена реакција изрази жалење за изјавата на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во Атина во која вели: „Србија направи грешка пред 20 години кога го призна Скопје под името Република Македонија“.

- Жалам за изјавата на Дачиќ. Со Србија заедно бевме во една федерална држава, како Република Македонија и Република Србија и споделуваме толку многу нешта. Убеден сум дека двата пријателски народа преферираат да имаме односи базирани на заемна почит, разбирање и европски дух, стои во реакцијата на Димитров.

Според Димитров, тоа е добро не само за Македонија и за Србија, туку и за целиот регион.

- Да не заборавиме, во регионот растеме и паѓаме заедно, се наведува во реакцијата на министерот Димитров.